Најтажниот ден во домот на Карлеуша: Пејачката се огласи во голема болка

 

Поп-пејачката Јелена Карлеуша остана без најголемата поддршка во животот, нејзината мајка Дивна Карлеуша, која почина од рак на бели дробови на 3 март 2019 година.

Болката од загубата не стивнува и денеска, а на овој ден Јелена посебно се присети на својата мајка бидејќи денеска ќе наполнеше 65 години. Тие две беа многу приврзани една за друга, за што пејачката често зборуваше и пишуваше:

Губењето на мајка ми беше остварување на мојот најголем страв во животот. Дивна почина, да биде уште полошо, во период кога мене лично и професионално ми беше најтешко и кога целиот свет ми се уриваше, јавно, на сите насловни страници. Како животот да го смислил најлошото можно сценарио да види како глушецот игра на вжештена рингла. Вака ги мачат животните во експериментите. Мајка ми беше и остана ѕвезда водилка и инспирација на целиот мој живот. Таа го одбележа на најубав можен начин – изјави еднаш Јелена.

На овој важен датум Карлеуша објави серија фотографии од Дивна Карлеуша и накратко напиша: Среќен роденден, мамо – напиша Јелена со три точки на крајот.

25.01.2023 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега