Намален водостојот на Дојранското Езеро
За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за мај и тоа за 1,89 метри. Нивоата, пак, на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е за 24 сантиметри понизок по повеќегодишниот просек за овој период од годината, а на Преспанското Езеро е понизок за два метра.
Нивоата на реките најчесто се повисоки од просечните, но кај повеќето реки бележат благо намалување во споредба со вчера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа