Наместо таблети пробајте со чај: Семе од коприва како најдобар природен лек за крвта

 

Семето од коприва е најдобро лековито средство за прочистување на крвта, со чија редовна употреба значително расте бројот на црвените крвни зрнца.

 Покрај тоа, постојат и голем број причини да го користите во исхраната. Утврдено е дека семето од коприва:

го зајакнува организмот, дава енергија и сила

го намалува уморот

го зајакнува имунитетот

има позитивен ефект против пролетен умор и алергија

корисно е за лекување на бубрежни заболувања

ја подобрува работата на тироидната жлезда

го чисти организмот од токсини

помага за регулирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта

корисно е при ноќно мокрење кај децата.

Како се употребува семето од коприва?

Во август, кога семето е зрело се берат горните делови на растението. Собраното семе се остава кратко време, а потоа суши. Доколку времето е топло се реди во чисти пластични садови во танок слој, се прекрива со тенка газа и се остава да се суши на сонце. А исто така може да се суши во домашни дехидратори. Сувото семе од коприва се мели или дроби. Доколку немате време да соберете семе од коприва, исто може да го купите во продавниците за здрава храна или поголемите маркети. Важно е да се знае дека сувото семе од коприва треба да се чува во херметички затворени тегли за да се сочува квалитетот.

Семето од коприва може да се грицка или да се меша со храната. Бидејќи поволно влијае на функцијата на панкреасот, подготвено со кисело млеко или со јогурт (1 чаша со 1 супена лажица семе), го намалува нивото на шеќерот во крвта. Подготвено на ист начин, дејствува и врз значително намалување на триглицеридите и на холестеролот во крвта.

 

Од семето може да се направи чај, кој по желба се засладува со мед.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега