Наоми Осака објави дека е бремена

Јапонската тенисерка Наоми Осака на својот Твитер профил објави дека е бремена и нема да се врати на теренот пред 2024 година.

-Навистина сакам една работа, а тоа е моето дете да гледа еден од моите натпревари, а потоа некому да каже: „Тоа е мојата мајка“, напиша Осака на Твитер заедно со фотографијата од ултразвукот.

Поранешната тенисерка број еден во светот, а сега 47-ма на ВТА-листата, во кариерата освои седум титули, од кои четири на Грен слем турнирите: Австралија Опен во 2019, 2021 година и УС Опен во 2018 и 2020 година.

 

 

12.01.2023 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега