Направете бурек со сирење од готови кори - подобро дури и од пекара
Ако сакате да го изненадите семејството или пријателите, подгответе домашен бурек со готови кори. Домашниот бурек е одличен предлог за појадок во комбинација со чаша јогурт. На блогот Trydiani го пронајдовме овој рецепт за бурек со готови кори кој сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас. Многумина го пробаа, пробајте го и вие овој сочен и вкусен специјалитет кој го обожаваат сите генерации!
Состојки:
- 500 грама кори за пита со средна дебелина
- 300 грама дробено сирење
- 250 милилитри вода
- ½ чаша масло
- сол по вкус.
- Подготовка:
Подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги водата, маслото и солта (количината на додадена сол зависи од соленоста на сирењето).
- Во намрсен плех со пречник од 24-26 сантиметри ставете 2 до 3 кори, а краевите оставете ги да висат надвор од плехот. Притоа секоја од корите попрскајте ја со смесата од вода и масло.
- Одвојте 2 кори кои подоцна ќе ги искористите за покривање на бурекот, а останатите кори поделете ги на 2 или 3 дела.
- Секоја од корите од првиот дел ставете ја во тавата за печење и пропрскајте ја со смесата од масло и вода.
- Смесата од масло и вода внимателно распоредете ја така да ви останат уште 2 лажици за да го попрскате бурекот од горната страна.
- Врз првиот дел кори, нанесете од дробеното сирење. Врз смесата од сирење нанесете го вториот дел од корите, а притоа секоја од нив попрскајте ја со смесата од масло и вода. Доколку корите ги поделивте на три делови, врз вториот дел од корите ставете од сирењето, а потоа постапката со попрскување повторете ја со преостанатите кори.
- На крај, деловите од корите кои висеа надовр од тавата, ставете ги внатре. Двете кори кои ги одделивте на почетокот, попрскајте ги со смесата од масло и вода и ставете ги на горната страна, како капак. Со останата смеса од масло, попрскајте го бурекот.
- Бурекот ставете го во загреена рерна на 175-200 степени, да се пече за време од 40 до 60 минути додека добие убава златно-кафеава боја.
- Печениот домашен бурек со готови кори превртете го на дрвена даска. На здравје!
16.10.2020 - 21:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа