Направете свеќи и избркајте ги кормарците- лесен и ефикасен начин да се спасите од малите штетници

 

Комарците иако се многу мали, предизвикуваат големи проблеми.

Направете свеќа што ќе биде украсна и што е најважно, ќе ги избрка комарците од вас. Овие свеќи се прават исклучително лесно,а состојките не се скапи.

Состојки

Тегли за свеќиата во која ќе може да „пливаат“ есенцијално масло од лимонска трева, лимон, босилек и лимента.

Постапка

Исечете еден лимон и едена лимента (ова ќе биде доволно за две свеќи).

Потоа ставете неколку парчиња лимон и лимента во теглата, додадете неколку гранчиња босилек. На крај, наполнете ја теглата со вода до врвот. Потоа додадете 10-15 капки масло од лимонова трева. Промешајте

Додадете пловечка свеќа. Конечно, запалете ја свеќата и уживајте во летото без штетници!

29.05.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега