Нарко-бос од Македонија уапсен во Женева - Си го сменил името ама полицијата го фати

 

Нарко-бос од Македонија кој бил баран со потерница, бил уапсен на аеродромот во Женева и потоа екстрадиран во Австрија.

Според информациите на швајцарскиот медиум "Блик", нарко-босот чиј идентитет се уште не се открива, го сменил својот идентитет со надеж дека ќе и побегне на полицијата.

- "Уапсен северномакедонец (30), кој допатувал од Приштина. Се претпоставува дека е шеф на нарко-мафија која оперира низ Европа. Јавното обвинителство во Линц, Австрија, го обвинува мажот дека, меѓу другото, стои зад шверцот на четири килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет. Затоа 30-годишникот се бара со потерница на ЕУ од 2022 година“, пишува швајцарскиот медиум.

Според информациите на порталот, криминалецот од Македонија бил уапсен на 29. јануари.

14.02.2025 - 08:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега