Народна банка со препораки при онлајн купување за време на Black Friday
Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење.
Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.
- Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет - купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка.
Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа