Нашите баби сепак знаеле најдобро: Ако се користи вака, свинската маст ги негува кожата и косата подобро од која било крема

Ниту еден крем не може да ја замени свинската маст, а веројатно немате поим колку придобивки нуди таа.

Понекогаш решението за сите проблеми со кожата ни е на дофат, па можеби почесто би требало да се консултираме со нашите баби за начинот на нега.

Нема да се занимаваме со прашањето дали маста е добро или лоша за организмот, туку исклучиво со придобивките што ги има за негувањето на косата, кожата и лицето.

Свинска маст за косата

Можеби звучи чудно, но оваа маст е одлична за сува кожа. Луѓето што ја користат велат дека по нанесувањето свинска маст, нивната коса станува помека и побујна. Сепак, што се однесува до начинот на употреба, најдобро е свинската маст да ја нанесете на нечиста коса, и тоа непосредно пред миење, а по миењето да ја исплакнете косата со чај од камилица. Свинската маст има најдобар ефект кога се применува на сува и светла коса.

Свинска маст за кожата

Се смета дека доколку имате мозолчиња на кожата што не ви поминуваат веќе некое време, можете да ги намачкате со премиена свинска маст, и тие ќе исчезнат. Некогаш жените користеле премиена свинска маст за нега на испукани пети, лакти и раце. Бидејќи маста има прилично непријатен мирис, обично ѝ се додаваат сода бикарбона, парфеми, а неретко и билки, како невен или камилица. Домашните кремови направени од свинска маст се препорачуваат за нега на сува кожа.

Свинска маст за лицето

Кога станува збор за користење свинска маст за лицето, имајте на ум дека жените некогаш исто така имале убава кожа на лицето, иако немало разновидни кремови како што има денес. Токму за таа цел користеле свинска маст, и тоа како основна компонента за домашните кремови за лице.

20.01.2022 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега