Наташа Габер Дамјановска си поднесе неотповиклива оставка од директорската позиција

Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители си поднесе неотповиклива оставка до Управниот одбор (УО) на Академијата.  По стопирањето на тестовите за 130 места за последната, најголема генерација на Академијата, според Габер-Дамјановска остварено преку политичко влијание и со помош на контроверзна одлука на Управниот суд, таа смета дека повеќе нешто не ја врзува за функцијата директорка.

„Ќе нема тестирања, а јас ќе седам така? Сигурно дека нема“, изјавила за САКАМДАКАЖАМ.МК по информацијата од УО дека попладнево поднела неотповиклива оставка.

Габер-Дамјановска, која на 9 декември 2022 беше реизбрана на функцијата со мандат од 4 години, во обраќањето до членовите на Одборот, многу јасно образложува зошто се повлекува.

12.07.2024 - 18:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега