Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

 

Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2.200 вработени во УСАИД.

Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД.

Во соопштение на социјалната мрежа „Икс“, чиј сопственик е самиот Маск, тој напиша дека „оваа зграда сега е окупирана од Царинската и погранична служба“ на САД.

Активностите се дел од радикалната реструктуризација на владата, одобрена од Трамп, за кратење на федералните работни места и на трошоците за функционирање на американската влада.

08.02.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега