Научници тврдат: Луѓето кои го прележале коронавирусот ќе се соочат со трајни последици
Научниците тврдат дека оние кои преживеале коронавирус ќе се соочат со трајни последици по здравјето.
Над две третини од излекуваните пациенти кои биле хоспитализирани поради инфекцијата, имаат долготрајни симптоми и седум недели подоцна, покажува ново истражување.
Извештаите за таканаречениот „долг ковид“ станаа вообичаени низ целиот свет.
Истражувачите од Универзитетот во Лондон откриле дека 69. проценти од луѓето излекувани од коронавирус кои биле хоспитализирани сè уште се чувствуваат уморни дури и 54. дена откако се излекувани.
Многумина пријавија дека сè уште дишат тешко и продолжуваат да кашлаат.
Ова е многу реален феномен што може да ги оптеретува луѓето и здравствениот систем со месеци.
Бројот на заразени во светот е 54.4 милиони.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа