Научници велат дека делта сојот е темпирана бомба, познато е кој ќе настрада најмногу
Земјите со ниска стапка на вакцинација се „темпирана бомба што чека да експлодира“ делта варијантата на ковид-19. Овој бран на вирусот нема да заврши добро за областите со мал процент на вакцинирани, освен ако не се наметнат маски и други мерки, напиша епидемиологот Ерик Фејгл Динг, од Федерацијата на американски научници во Вашингтон.
Претставници на Светската здравствена организација бараат вакцинираните лица да продолжат да „играат на сигурно“ бидејќи голем дел од светот останува невакциниран, а многу заразни варијанти, како делта, се шират во многу земји, што го разгорува избивањето на нов бран пандемии.
И босанскиот микробиолог Бранко Рихтман во интервју за „Н1“ предупредува:
– Како и кај другите брзораспространети соеви, прашање на денови е кога делта варијантата ќе избувне на овие простори. Имајќи предвид дека мал број примероци се секвенционирани во нашата земја, како и дека границите се отворени и мерките се скоро непостоечки, веројатно е дека тој е веќе присутен и дека не сме го идентификувале. Затоа, вакцините се заштита! Сите вакцинирани во голем процент се заштитени – Фајзер штити до 96%, 14 дена по втората доза, АстраЗенека до 92%, 14 дена по втората доза – вели д-р Рихтман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа