Научниците дојдоа до нови застрашувачки податоци: Коронавирусот предизвикува и дијабетис?
Новите откритија во врска со последиците од коронавирусот ги загрижија научниците.
Имено, како што предупредија експертите од областа на науката во петокот, ковид-19 веројатно предизвикува дијабетес кај лица кои пред инфекцијата го немале.
Овој заклучок беше објавен во New England Journal of Medicine Медицина за медицина, а истиот беше постигнат по набудување на група пациенти заразени со вирусот.
Пациентите биле набњудувани од водечки експрети од областа на дијабетис, но и понатака не е јано како вирусот предизвикува дијабетис.
Она што истражувањето го покажа е дека протеин корона вирус кој му олеснува да влезе во човечкитеклетки, не ги зафаќа само белите дробови туку и други органи и ткива како што се панкреас, тенкото црево, масното ткиво, црниот дроб и бубрезите.
Експертите веруваат дека ако вирусот влезе во организмот на овој начин, тоа предизвикува повеќекратни и сложени дисфункции на метаболизмот на јаглени хидрати. Со години е познато дека честите вирусни инфекции можат да предвидат поголема шанса за развој на дијабетес тип 1.
Франческо Рубино, професор од Кинг колеџ во Лондон и еден од авторите на оваа студија, вели дека можно е пациентите и претходно да имале склоност кон дијабетис, а коронавирусот да го забрзал процесот, но можно е и некои веќе и да имале дијабетис, а не знаеле.
„Очигледно е дека можно е некои од нив вво болница да откриле дека боледуваат од дијабетис, додколку тоа не го провериле претходно. Инфекцијата додатно го зголемува нивото на шеќер.Сепак, дури и ако тоа е случај, бројот на пациенти кои се заразени и со вирус и со дијабетес е многу поголем од бројот на пациенти кои се болни, да речеме, сезонски грип и дијабетес во исто време - вели тој.
Она што веќе се знае е дека коронавирусот секако ја влошува состојбта кај пациенти кои веќе се заболени од дијабетис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа