Не чека пресврт: УХМР со убави вести за времето
Времето во Македонија денеска се очекува да биде сончево и топло, по студеното утро.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 15 степени.
Следните денови ќе имаме вистинска пролет кога температурите ќе достигнат 22 степени.
04.03.2025 - 07:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа