Нека не ве лаже сонцето - УХМР најавува што не чека со времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и студено време. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Синоптичарите најавуваат период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа