Неколку делови од Скопје денеска ќе останат без струја и вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

• од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од ул. Александар Урдаревски на потегот од напојната Трафостаница – Бутел 6 до Тутунска банка. (Општина Бутел)
• од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од ул. Орце Николов зграда бр. 155 и зграда бр. 156. (Општина Карпош)
• од 11:30 до 13:00 часот, корисниците од делови од улиците: Бутелски венец, Индира Ганди и Пелагонија. (Општина Шуто Оризари)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека:

• поради зафати во водоводната мрежа, односно монтажа на регулатор на потисна водоводна цевка со пречник од Ф-125 мм, во с. Сопиште, (под пумпената станица), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Сопиште, Ракотинци и Добридол. (Општина Сопиште)
• поради зафати во водоводната мрежа на ул. Римска пред куќен бр. 3А, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Њуделхиска, Бахар Моис, Римска, Панче Пешев и Наум Евро. (Општина Карпош)

02.04.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега