Неколку пожари намерно подметнати, ветерот прави дополнителни проблеми

 

Вчера на територијата на државата имало вкупно 46 пожари на отворено, од нив 27 целосно се изгаснати, под конторла се ставени пет тешки пожари а утрово активни се 14 пожари, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Според него пожарникарите работеле во текот на целата ноќ и со поддршка на јавните комунални претпријатија и тешка механизација, со поддршка на локалното население, направиле вистински подвиг и ставиле под контрола дел од пожарите и обезбедиле повеќе населени места.

Тој апелираше до сите сопственици на куќи и викендици во планински и напуштени села, да направат мек противпожарен појас околу имотите. 

„Истовремено, ги повикувам сите жители на селата кои можат да бидат зафатени од пожари, да направат противпожарни појаси околу селата, широки по 20 метри, ораници од големи трактори и некаде да се исчисти со булдожер. Не можеме да претпоставиме каде ќе избие нов пожар. Проблем е силниот ветер“, рече Ангелов.

Апелираше и до сите земјоделци да прекинат со палењето на стрништа и пасишта, бидејќи, како што вели, тоа може да биде како обид за убиство.

-Неколку пожари се намерно подметнати, но вчера детектирав и појава на пожари од искрење на електрични жици, додаде Ангелов.

 
30.07.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега