Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Без струја утре ќе останат делови од општините Гази Баба, Зелениково и Aеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.

Во периодот од 8:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од Тренинг камп Вардар и Станбени згради кај тренинг камп Вардар во општина Гази Баба, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево ЖТП Зелениково - Јане Сандански во општина Зелениково, а во периодот од 8:00 до 16:00 часот, корисниците од ул.2 село Долно Лисиче во општина Aеродром.

07.08.2024 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега