Неколку скопски улици денеска ќе останат без вода

Дел од корисниците на улиците „Варшавска“, „Хашка“ „Хаванска“, „Хелсинки“, „Мексичка“ и „Ташкентска“ во општина Карпош денеска од 8.30 часот ќе немаат вода.

Според известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на вентил и водомер на улица „Варшавска“ бр. 14 и ќе трае до завршување на  работните активности. 

Без вода денеска од 8:40 часот се и дел од корисниците лоцирни на улица „474“ во населба Црниче.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради  дефект на затварач (огрлица) Ф80мм на улица „474“ бр.12 во населба Црниче. 

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. 

09.08.2024 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега