Неколку скопски улици останаа без вода

 

Поради промена на два шибери од Ф-250 милиметри на улица „Благоја Стефковски“ бб во населба Маџари, прекинато водоснабдување од 9:00 часот имаат корисниците на дел од оваа и соседните улици „Дончо Штипјанчето“ и „Жан Жорес“,  како и населбата Хиподром и село Трубарево.

Воедно поради дефект Ф-80 милиметри на улица „Девол“ број 6 во населба Козле, прекинато водоснабдување од 9:15  имаат корисниците на дел од улицата и населбите Трнодол, Жданец и Нерези.

Додека, пак, од 09:30 часот без вода ќе бидат корисниците од улицата „Македонски Кралеви“, поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на оваа улица брок 8.

Поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Радишанска“ број 360 од 09:45 часот без водоснабдување се корисниците на улицата „Радишанска“ (Бел Камен).

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде во  прекинато се до завршување на активностите.

30.03.2022 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега