Нема докази за оштетување на мозокот кај пациенти со т.н Хавана синдром

Истражувачкиот тим на американската влада не откри значајни физички докази за оштетување на мозокот кај членовите на група федерални службеници кои страдаат од т.н. Хавана синдром, болест која се појави во 2016 година, објавено е во медицинското списание JAMA објавено кое го издава Американското медицинско здружение.

Симптомите на мистериозната болест, која први ја пријавија вработени во американската амбасада во кубанскиот главен град Хавана, а подоцна и други дипломати, разузнавачки агенти и друг американски персонал ширум светот, се манифестираат со нарушувања на слухот, чувство на притисок во главата, главоболки, мигрена, вртоглавица и губење на меморијата.

– Овие лица имаат симптоми кои се реални, вознемирувачки и многу тешки за лекување, рече доктор Лејтон Чен, вршител на должноста главен научен директор на Националниот институт за здравје и главен автор на студијата.

18.03.2024 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега