Нема докази за зголемено ширење на заразата: На концерт во Шпанија со 5.000 посетители, само двајца се заразиле со коронавирус
Научниците во Шпанија не најдоа докази за зголемено ширење на заразата меѓу луѓето кои учествуваа на голем експериментален концерт минатиот месец.
Шест лица се заразиле со коронавирус во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцијата е помала од онаа што се гледа кај општата популација, пишува „Би-би-си“.
Две недели по концертот, сите учесници беа подложени на ПЦР-тестирање и нема знаци дека вирусот е пренесен за време на настанот, што беше целта на оваа студија“, рече д-р Хосеп Марија Либре на прес-конференција.
Публиката, која била подложена на антигенски тестови пред концертот, носела маски ФФП2.
Според лекарите, само шест позитивни случаи од 5.000 посетители биле откриени две недели по концертот, а организаторите се сигурни дека четири од овие шест случаи не го пренеле вирусот за време на концертот.
„Со оптимизирана вентилација, антигенско тестирање и носење маска можеме да гарантираме безбеден простор“, додаде тој.
Покрај тестовите и маските ФФП2, строго биле контролирани и вентилацијата, како и објектите за прием на критичните места, како што се тоалетите.
Организаторите сакаа да покажат дека концерти се можни и покрај пандемијата, и ова искуство е едно од ретките што се случило во Европа на актуелната музичка сцена.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа