Нема повеќе вејпање во Франција
Францускиот Парламент ја забрани продажбата на „вејпови“. Тие се особено популарни меѓу младите поради нивната ниска цена и разновидноста на вкусови, објавија денеска француските медиуми.
По едногласното гласање на Националното собрание (долниот дом) минатата недела, Сенатот (Горниот дом) денеска исто така ја одобри забраната, со што стави крај на повеќе од двегодишните дебати во парламентот, па дури и го испрати овој текст, предложен од пратеничката Франческа Паскини, до Европската комисија.
Сега Франција е на пат да стане втората европска земја, по Белгија, која ќе ја забрани продажбата на овие производи на нејзина територија. Британија исто така најави дека ќе ги забрани за продажба во јуни.
Петнаесет проценти од децата на возраст меѓу 13 и 16 години во Франција пушат „вејпови“. Четириесет и седум проценти од нив тврдат дека ја започнале својата зависност од никотин на овој начин, според истражувањето на Анти-тутунската алијанса од 2023 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа