Нема топла вода, глувци шетаат по тоалетите, инсекти во храната: Пелагонија пред колапс

 

Низа проблеми го отежнуваат животот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Недостаток на топла вода, нефункционални лифтови, стаорци во тоалетите, протечени ѕидови и намален квалитет на храната, се само дел од предизвиците со кои се соочуваат станарите во овој јавно-приватен студентски дом, пишуваМета“.

Домот речиси еден месец функционира без директор, откако последниот поднел оставка во октомври, а нов управител сè уште не е назначен. Поради тоа, нема кој да стави потпис на одлуките и да ги „повлече конците“ за решавање на студентските маки.

„Најпрво, стануваме наутро, се миеме со мраз ладна вода – се разбира, доколку имаме воопшто вода. Во тоалетот ако пуштиш вода, чекаш цел час за да се наполни повторно. Потоа, тргнуваме за на факултет пешки секое утро од осми кат бидејќи нема лифт за надолу. А откако ќе се вратиме од факултет, мртви гладни се молиме в менза да има нешто добро за јадење“, го опишува еден студент животот во „Пелагонија“ за Метамк.

 

 

18.11.2024 - 18:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега