Ненадејно почина момчето на една од најпознатите тенисерки во светот

 

Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар, ненадејно почина на 42-годишна возраст. Колцов е и поранешен играч во НХЛ, а последните две и пол години беше во врска со Арина Сабаленка. Колцов бил пронајден мртов во Мајами. Тој ја придружувал својата девојка на американската турнеја.
„Со длабоко жалење ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Тој беше силна и весела личност, сакана и почитувана од играчите, соиграчите и навивачите“, соопшти Салават Јулаев, клубот од КХЛ во кој работеше како тренер.

Колцов имаше богата хокеарска кариера, а од 2002 до 2006 играше и во НХЛ за тимот на Питсбург Пенгуинс. Во Белорусија и Русија настапуваше за Северстал, Јуност, Металург, Ак Барс, Спартак, Динамо Минск, Салават Јулаев и Атлант. Беше и репрезентативец на Белорусија.

Сабаленка е втора тенисерка во светот во моментов. Колцов ја бодреше од трибините во јануари кога таа ја одбрани титулата на Австралија опен.

Сабаленка последниот меч го одигра пред шест дена во Индијан Велс, кога беше поразена од Американката Ема Наваро. Оваа недела таа треба да настапи на Мастерсот во Мајами, но сигурно е дека ќе се повлече од турнирот.

 

19.03.2024 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега