Ненадејно почина Риалда Кадриќ: Ќе остане запаметена по улогата на Марија од „Жикина династија“

 

 

Вчеравечер, на 57-годишна возраст ненадејно почина позната актерка Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од „Жикина династија“ или оригиналнотo име на серијалот – „Луди години“.

Риалда починала во својот дом во Атина, каде живеела во последните години од нејзиниот живот.

Веста за смртта на Кадриќ ја објави нејзиниот пријател Душан на својот фејсбук – профил, кој оваа информција ја потврдил и за српски „Курир“.

Риалда на македонската јавност и беше најмногу позната по серијалот „Луди години“ (Жикина династија) по нејзината улога како докторката Марија Тодоровиќ, подоцна Павловиќ и бројните комични сцени на двете семејства. Таа одиграла уште неколку помали улоги, а на почетокот од 90-те години ја напушта нејзината актерска кариера.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега