Непал го забрани „Тик-ток“

Властите во Непал објавија дека ја забраниле употребата на апликацијата во земјата бидејќи, според нив, „ги нарушува социјалната хармонија и семејните структури“.

Како што пренесува „Економист“, овој потег следува откако владата на Непал им нареди на компаниите што управуваат со глобалните платформи за социјални медиуми да основаат локални канцеларии во земјата.

Непалските власти рекоа дека „Тик-ток“ има содржини што поттикнуваат верска омраза, насилство и сексуална злоупотреба и дека доведоа до конфликти во реалниот живот, кои бараа распоредување на полициските сили и воведување полициски час, пишува „Њујорк тајмс“.

Bytdance, кинеската матична компанија на „Тик-ток“, не го коментира случајот, но претходно таквите забрани ги нарече „погрешни“.

„Тик-ток“ е забранет во Индија од 2020 година, а апликацијата исто така предизвика загриженост во САД, ЕУ и Канада за наводно споделување чувствителни податоци на корисници со кинеската влада.

14.11.2023 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега