Неверојатна трансформација: Холивудската дива претходната година имаше 110 килограми, а сега ослабна до непрепознатливост (ФОТО)

 

Холивудската актерка Ребел Вилсон уште пред неколку месеци ја достигна својата цел и ослабна, што првично била нејзината цел.

Но, оваа дама и после тоа продолжила да води специфичен режим на исхрана и да тренира што резултирало со понатамошно губење на килограмите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Симпатичната русокоса неодамна повторно се пофалила со својата фигура на тело, позирајќи во црна тесна облека, па така го покажала својот неверојатен изглед.

Набрзо потоа таа споделила уште една фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која позира на плажа во Флорида, а на неа носи едноделно бикини, додека пак на главата има голем шешир.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Ребел навистина изгледа неверојатно, особено доколку го земеме предвид нејзиниот живот пред вежбањето и внимавањето на исхраната кога имала 110 килограми.

„Прекрасна си“, „И претходно беше прекрасна, но и сега си. Ти честитам на трудот кој го вложи во ова, знам дека е тешко“, „Леле, колку си згодна“, „Многу си секси“, се само дел од коментарите кои се нижеле под нејзините фотографии.

Инаку, актерката се придржувала до планот на исхрана и детоксикација кој ѝ го направил престижен велнес центар од Австралија.

Еден од основачите на клиниката е и Каралд Штосиер кој посебно ја популаризирал 14-дневната исхрана позната како „Mair Method Diet“ која помага да се чувствувате поздраво, помладо и да ги исчистите вашите црева.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Програмата подразбира режим на повремен пост, но и прописен детокс, како и консумирање одредени суплементи и витамини.

Исто така, постојат уште некои правила:

- Забрането консумирање на грицки, алкохол, шеќер, кафе и напитоци кои содржат кофеин;

- Појадокот е задолжителен, а вечерата се прескокнува;

- Забрането јадење по 16 часот;

- Намален внес на млеко и глутен;

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

- Храната мора темелно да се џвака – секое залче по 40 пати;

- Додека се јаде препорака е да не користите телефон, да не гледате телевизија или пак да читате или разговарате.

01.06.2021 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега