Невидлива гимнастика на познат доктор: За само 6 минути дневно сите вишок килограми ќе исчезнат

 

Полковникот и доктор Воробојов во 80-те години на минатиот век смислил шестминутна војничка гимнастика, која е два пат наградена од страна на експерти поради неверојатниот резултат што го дава, а притоа не предизвикува ниту еден несакан ефект.

Овој систем на вежби се вика уште и невидлива гимнастика, бидејќи се изведува за многу кратко време и речиси и не се забележува дека правите нешто, а одличен избор е за луѓе кои претежно седат поголемиот дел од денот. За подебелите луѓе, ова е одличен начин да почнат со физичка активност, бидејќи не предизвикува дополнителен стрес и оптоварување на срцето, а одлична и за мрзливи луѓе.

Гимнастиката се изведува за вкупно шест минути, но за најдобар ефект, треба да ја изведувате секој час. Станува збор за 8 лесни вежби, кои може да се изведуваат седејќи, стоејќи, пред телевизор… кога било и каде било.

Ако ви се чини предобро за да биде вистинито, верувајте дека навистина е така! Веќе вториот или третиот ден сите мускули почнуваат да болат, што значи дека правилно и доволно сте ги правеле вежбите.

Еве како изгледа мини-тренинг:

1. Подигнување на петата (додека седите, подигнувајте ги стапалата на прсти. Ова е одлична вежба за листовите. Направете 40 повторувања)

2. Подигнување на прстите (петите се прицврстени за подот, 40 пати подигнете го остатокот од стапалото нагоре)

3. Стегнување на задникот (50 пати стегнете ги мускулите на глутеусот)

4. Стегнување на стомакот (вдишете преку нос, издишете од уста и додека издишувате вовлечете го стомакот, повторете го тоа 20 пати)

5. Грбни мускули (раширете ги рамената, исправете го грбот и повлечете ги рамената наназад, а лопатките приближете ги една кон друга. Повторете 20 пати)

6. Стегајте и опуштајте ги тупаниците (повторете 50 пати, ова е вежба за речиси целата рака)

7. Свртете ја главата во страна (многу бавно и внимателно вртете ја главата налево и надесно наизменично, така што положбата ќе формира агол од 90 степени. Повторете 20 пати и вратот ќе ви биде благодарен)

8. Исфрлете ја брадата (туркајте ја брадата и долната вилица нанапред, така што долната уста ќе ја преминува горната. Ова е вежба со која можете да се ослободите од подбрадокот)

Сите придобивки од невидливата гимнастика:

-ги активира сите мускулни групи

-ја подобрува работата на внатрешните органи

-ја стимулира циркулацијата

-ја подобрува работата на лимфата

-го забрзува метаболизмот

-поттикнува согорување масти

Кога ќе поминат три недели од почетокот на секојдневното изведување на вежбите, оваа гимнастика ќе ви прејде во навика и секој ден ќе се чувствувате, но и ќе изгледате многу подобро.

11.01.2022 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега