Невреме ја погоди Сицилија, поројот носеше автомобили на улиците
Неколку автомобили завршија во морето поради обилните врнежи на италијанскиот медитерански остров Сицилија, соопштија денеска пожарникарите.
Автомобилите беа однесени од поројна вода во близина на градот Рипостo на источниот брег, соопшти локалната противпожарна служба.
Според првичните извештаи нема повредени, а станува збор само за паркирани автомобили. На Сицилија веќе неколку дена врне силен дожд.
Многу реки на островот Сицилија, каде живеат речиси 5 милиони луѓе, се излеаја од коритата и ги покрија улиците со порои од вода.
Италија веќе доживеа неколку бури во последните месеци, особено во северните региони како Емилија-Ромања и Ломбардија. Југот на копното и островот Сицилија претрпеа екстремни горештини во текот на летото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа