Нежна, софистицирана и миризлива како јасмин – кое е значењето на името Јасмина?
Јасмина е женската варијанта на името Јасмин. Името е со персиско потекло (يسمين) односно потекнува од зборот „Јасаман“, име на бел мирислив украсен цвет.
Самиот збор симболизира „љубовна емоција“. Името се пренесувало од Персија преку Шпанија во Европа и датира од неодамнешните времиња кога станало вообичаено да се даваат имиња според убави цветови (Роза, Мимоза, Ирис…), обичај којшто се развил и на нашите простори.
Кога родителите избираат име кое симболизира одреден цвет, носителите на овие имиња како во случајот Јасмина симболизираат нешто убаво, нежно, слатко, прекрасно и софистицирано.
Името е присутно и популарно во различни варијанти кај речиси сите европски нации.
Во Англија и Германија, Јасмин е многу често женско име. Имињата Јаско, Јасминка, Јасминко, Минеса, Минка се најчестите варијации од ова прекрасно име во нашата земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа