Никнуваат објекти во парк шумата Водно - по бројните куќи сега на повидок и кафуле

Нова населба никнува во парк шумата Водно, објави Сител.

Според снимките кои ги направи телевизијата, може да се забележи дека дрвен мост и срамнето земјиште на кое ќе никне нов објект на среде пешачката патека Словенска која води до средно Водно.

Ѓраѓаните не знаат за што станува збор.

Од спротивната страна пак има нова населба, која пред пандемијата воопшто не постоела.

Граѓаните кои ги сретнавме како пешачат велат дека забележале но не знаат за што станува збор. Патеката е узурпирана од градежна механизација па велосипедистите и граѓаните се снаоѓаат за да поминат.

Градоначалникот во заминување на Општина Центар, Саша Богдановиќ не знае ништо за овој случај и попладнево испратил инспекција.

19.10.2021 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега