Николоски: Историски ден за Македонија - Започна изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани
После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.
Заменик претседателот Николоски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицскоски, потпретседателот Изет Меџити, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денеска извршија обиколка на градежните активности за изгрaдба на автопатот Гостивар-Букојчани.
“Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје - Кичево - Струга - Охрид, коридорот 8 познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и двесет минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирање на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите. Сакам да се заблагодарам за одличната работа на сите кои се вклучени во проектот, за поддршката која премиерот Мицкоски лично ја дава со тоа што го следи проектот на лична основа. Сакам да најавам уште многу добри вести во деновите коишто доаѓаат. Ние решивме да работиме, а не да бараме изговори и во деновите кои доаѓаат ќе има уште добри вести, а во годините пред нас ќе има многу нови реализирани проекти и во делот на автопати, и во делот на експресни патишта и во делот на железница”- изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, министерот Николоски истакна:
“Најсликовито сите што патуваат, значи од третата патарина продолжува до Гостивар или четвртата патарина и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во предселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради”- изјави министерот Николоски.
Во своето обраќање премиерот Мицкоски истакна дека ова е вистинкиот начин како се работи на терен, бидејќи после 2 години ветувања и најави, автопатот сега започнува реално да се гради. Тој потенцираше дека Македонија сака да ја види како главна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот.
Директорот на ЈП за джавни патишта Коце Трјановски истакна дека е забрзани се сите постапки за изградба и најави дека се очекува до Нова година комплетно да се заврши процесот на експропријација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа