Николоски: Обвинителите ја испитуваат пресудата на Апелација за Телеком

Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека Обвинители ја испитуваат пресудата на Апелација за Телеком.

-Ние по службена должност бевме известени и јас го инфомирав Јавното обвинителство и побарав ОЈО да го испита случајот имајќи предвид дека во службеното известување кое го добивме, добивме информации коишто се навистина сериозни за состојбата во судството во Македонија. Ние впрочем и затоа бараме да се распушти Судскиот и Обвинителскиот совет затоа што состојбата е многу лоша и довербата во судството е никаква, а вакви случаи дополнително ја урнисуваат довербата во судството. Така што, очекувам надлежното Јавно обвинителство да постапи по овој предмет и по ова наше укажување и да се расчисти цела таа работа и да се види кои судии ја донеле оваа одлука и зошто ја донеле оваа одлука, вели Николоски.

Следно што е сомнително, според него, е што самиот Апелационен суд имаше две различни судии.

-Што мислам дека многу говори и за состојбата во самиот суд. Така што, на потег е Обвинителството да се расчисти целата оваа работа со цел и да има одговорност за сите оние коишто ја донеле оваа одлука, но и да нема вакви одлуки во иднина, рече Николоски.

26.08.2024 - 18:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега