Николовски: Наскоро почнува изградба на нов граничен премин кон Грција
Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки за 321,7 милиони денари во однос на истиот период во 2024 година.
Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, при што се запленети 188,6 килограми марихуана и две лица се лишени од слобода, а претходно Царинската управа откри и спречи организирана криминална мрежа со употребувани автомобили, при што поднесе кривични пријави за 32 лица до ОЈО за организиран криминал и корупција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во емисијата Аргумент плус на телевизија 24 вели дека редот, дисциплината и посветеноста веќе седум месеци даваат извонредни резултати и оти царинските службеници не седат мирни и работат на сузбивање на криминалот.
Директорот истакна дека наскоро почнува и изградбата на новиот граничен премин кон Грција, Маркова Нога што се имплементира со средства од ЕУ, како дел од проектот „ЕУ за Преспа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа