Николовски со остра критика: Лоши политики на Владата во земјоделието
-За само 11 месецеци гледаме дека земјоделието уназадува, земјоделците се оставени сами. Враќањето на стариот модел на субвенционирање, укинувањето на авансната исплата, на програмите за малите производители на храна, намалувањето и доцнењето на субвенциите за сточарите, доцнењето на зелената нафта, најмал раст на извозот, целосно враќање назад во ИПАРД 3 програмата, кажува колку се лоши политиките на власта во земјоделието, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во „Тема на денот“ во вестите на Сител.
Николовски рече дека владата ги занемари европските фондови, каде што бевме лидери, а тоа е ИПАРД програмата.
-Самиот министер потврди дека во периодот од 2017-2023 година искористеноста на ИПАРД 2 програмата е над 85%, додека за ИПАРД 1 беше само 18%. Сега, од ИПАРД 3 програмата искористеноста е само 3%. Односно од 97 милиони евра неповратни средства се склучени договори во вредност од само 3 милиони и 500.000 евра, рече Николовски.
Тој нагласи дека тоа се должи на долгото време на чекање, одлив на кадар, целосна непосветеност на менаџментот, што предизвикува загриженост и разочарување и во Брисел.
-Добро е што после една година, новата владата предлага закон од земјодлество, речњ Николовски, додавајќи дека СДСМ ќе даде забелешки, бидејќи, меѓудругото, ја укинува авансната исплата на субвенциите на крајот на годината.
Тој истакна дека внимателно треба да се разгледаат мерките што се предлагаат, пред се, за младите.
-Треба да се ориентираме кон фондови што ЕУ ги дава за истите намени, за поддршка на младите, не да имаме мерки што се само козметика, нагласи пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во вестите на Сител.
02.06.2025 - 21:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа