Ниту една негова зграда не е срушена во земјотресот: Овој инвеститор откри во што била тајната додека градел
Бројни сопственици и изведувачи на зградите кои се срушија како кули од карти во Турција се уапсени овие денови по катастрофалниот земјотрес кој одзеде над 41 илјада жртва.
Меѓу нив не е еден човек чие видео денеска турските медиуми го пренесуваат во текот на целиот ден.
Илјадници згради беа срамнети со земја, но не и зградите на овој изведувач и сопственик на градежна фирма.
Зборувајќи пред една негова зграда која го издржала потресот, вели:
„Додека ги градев зградите ми пишуваа стотици казни, бидејќи моите згради не беа „фенси“, сега ми ѕвонат и ми кажуваат: „Ќе ти дадеме медал, се срушија овие „фенси“ зградите“, вели тој.
Потоа додава дека неговите столбови се изградени без штедење и на солиден начин, за разлика од останатите изведувачи и фирми во тој регион.
Инаку најмалку 26 лица се уапсени и се сомничат за недостатоци при градењето на зградите кои се урнаа во земјотресот минатиот понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа