Њујорк Тајмс: САД планира затворање на конзулати во Европа

 


Американскиот Стејт департмент подготвил планови за затворање на десетина конзулати до ова лето, објави денеска „Њујорк Тајмс“, цитирајќи американски официјални претставници.

Стејт департментот размислува за затворање на повеќе мисии, пишува весникот, пренесе Ројтерс.

Меѓу десетте конзулати ќе бидат затворени главно оние во Западна Европа, велат тројца функционери кои се запознаени со меморандумот што кружи во Стејт департментот, се додава во извештајот, пренесува Танјуг.

07.03.2025 - 10:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега