НМК налепници можат да се купат и преку Фејсбук (ФОТО)

 

Налепници НМК кои задолжително треба да се стават на регистарските таблички на возилата, согласно Договорот од Преспа почнаа да се продаваат и онлајн, во групи на социјалната мрежа Фејсбук.

Оглас за продажба на НМК налепници осамна и на групата „Купи продај“.

 

Press24 денеска пишуваше дека НМК налепници можат да се купат и во продавници за авто делови во скопски Чаир. Налепниците може да ги купите за сума од 50 денари.

Доколку не Ви се плаќа, тогаш можете да земете налепница и во центрите за технички преглед на автомобили, а за разлика од вчера, денеска можете да покажете сообраќајна ндозвола и од друго возило и за него исто така ќе добиете налепници кои можете и сами да ги залепите.

Од утрово, на некои гранични премини, а на сите кон Грција не можете да влезете ако на табличката немате код НМК.

13.02.2024 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега