Градежните фирми лани потрошиле материјали во вредност од над 10 милијарди денари

 

Компаниите кои се занимаваат со градежна дејност во текот на минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 10.023.494 илјади денари, што е за 8,9 отсто повеќе во однос на претходната година.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има “Материјали за врзување” со 3.365.109 илјади денари  или 33,6 отсто, потоа следуваат групите “Потрошено гориво” со 1.821.146 илјади денари или 18,2 отсто, “Материјали за армирање и прицврстување” со 1.408.200 илјади денари или 14 отсто.

27.06.2014 - 15:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега