ФОТО: Мекејлеб стап пијан во Белград
Репрезентативецот на Македонија, американскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб, поминал луда ноќ во Белград, а доказ се последните фотографии од српските медиуми.
Бо во клубот „Фристајлер“ испил околу 20 „Лонг ајленд ајс ти“ коктели, кои се составени од пет јаки алкохолни пијалаци, пишува српски „Ало“.
Кошаркарот се опуштил со пијачките, но и со забавата, па почнал да танцува пред сите.
Истата ноќ во истиот клуб е забележан и голманот Владимир Стојковиќ, кој исто така ги потврди своите врвни танчерски способности на подиумот
27.06.2014 - 19:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа