Од вторник поскапува струјата
Од први јули струјата поскапува за 3,5% jавува порталот Фактор повикувајќи се на свои извори. Регулаторната комисија за енергетика ги финиширала пресметките за корекција на цената, при што енергетските компании прикажале зголемени трошоци. Регулаторот дополнително барал објаснување и од ЕЛЕМ и од МЕПСО и од ЕВН Македонија за прикажаните трошоци по што пресметал дека крајната цена за домаќинствата треба да биде повисока за 3,5%.
Зголемувањето е утврдено согласно пресметките на енергетските компании кои минатиот месец ги доставија трошоците до Регулаторна комисија за енергетика.
Според најновите правила, цената на струјата се утврдува еднаш во годината и важи од 1 јули. Регулаторот сега ја дефинира цената само за домаќинствата, но од 1 јануари 2015 година се очекува со целосното отворање на пазарот цената да се формира слободно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа