Таксистите од Будва им наплаќаат астрономски цени на туристите

Црногорските медиуми пишуваат дека црногорските таксисти им бараат премногу пари на туристите за такси возењата.

Имено, како што пренесуваат црногорските медиуми, таксистите во Будва на странските гости им наплаќаат астрономски цени, а на полицијата за вакво нешто и е многу тешко да им влезе во трага.

За овој случај сведочи и директорот за продажба на престижниот скандинавски туроператор „Аполо“, Пас Латви. На него  таксист му наплатил возење од Будва до Бечиќи неверојатни 24,5, евра.