Млад дечко се давеше во Охридското Езеро

20 годишен кичевчанец вчера попладне едвај бил спасен од водите на Охридското Езеро, јавува локалната телевизија „Спектра“.

Според информациите на телевизијата, момчето се давело на машката плажа во Струга, но, за среќа, жител на Лабуништа веднаш интервенирал и го извадил момчето од водата. Момчето било реанимирано и пренесено во градската болница во Струга.

 

29.06.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега