Цветков на средба со производителите на пченица и мелничарите

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и неговиот заменик Зоран Коњановски денеска во Свети Николе ќе се сретнат со производителите на пченица и претставниците на мелничко-пекарската индустрија.

На состанокот ќе се зборува за подготовката и текот на жетвата, како и планираните количини за откуп.

Цветков и Коњановски веќе се сретнаа со производителите и преработувачите на кои Министерството за земјоделство се обврза да ги преземе сите потребни мерки за навремен почеток и квалитетен откуп на пченицата. Беа договорени и засилени контроли на граничните премини, но и на внатрешниот пазар за да се спречи увоз на неквалитетно брашно и пченица, како и примена на законските правила во производството и откупот на лебното жито. 

29.06.2014 - 10:53
Фото: 
Лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега