МВР на нозе: Малолетник прегази нивни колега

Полицаец се бори за живот, откако ноќеска околу еден часот во него се забил автомобил. Инцидентот, информира македонската полиција, се случил во кичевското село Жубрино, кога полицајци се обиделе да сопрат патничко возило.

Возачот ја зголемил брзината, го прегазил полицаецот и избегал. Повредениот веднаш бил пренесен во кичевскиот Медицински центар, од каде бил префрлен на скопскиот Ургентен. Полицаецот се наоѓа во лоша здравствена состојба. 

Полицијата едно малолетно лице за кое постои сомнеж дека бил зад воланот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

29.06.2014 - 12:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега