Кичево: Пукал во човек сред улица

55 годишниот кичевчанец А.А. вчера пукал во 70 годишникот С.И. од Кичево.

СПоред информациите од полицијата, до пукањето дошло по претходна расправија и тепачка на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. А.А. пукал кон С.И. и го погодил во левата натколеница.

С.И. бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на неговата здравствена состојба, кичевчанецот бил пренесен во битолскиот медицински центар. 

А.А. бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

29.06.2014 - 12:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега