Македонија скршена од болка:Утре ќе биде погребан младиот Филип

Утре во 12:30 часот на Градските гробишта Бутел ќе биде погребан 15 годишниот кошаркарски репрезентативец Филип Сотиров, кој вчера ненадејно почина

Mладиот Сотиров беше еден од најталентираните и најперспективните играчи во Македонија, репрезентативец во младинските категории и член на Партизан Водно Санс.

Сочувство до фамилијата и најблиските упатија од Македонската кошаркарска фердерација (МКФ).

- Загубата е ненадоместлива. Смртта на Сотиров предизвика шок, голема тага и силна болка кај сите нас на овој црн ден за македонската кошарка. МКФ сочувствува со фамилијата и најблиските на Филип Сотиров, стои во телеграмата со сочувството од МКФ.

 

29.06.2014 - 14:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега