Барса во договорот за Суарез инсистира на клаузула да нема гризење
Шпанскиот гигант Барселона има силна желба да го донесе фудбалерот на Ливерпул во своите редови, што се покажа и веќе со нивниот обостран договор (останува само уште Ливерпул да даде дозвола) за играчот на Уругвај во наредните пет години го облече каталонскиот дрес. Сепак челниците на Барселона во договорот покрај тоа што нудат 40 милиони фунти, и неделна плата од 160.000 фунти инсистираат и на калузула која ќе го обврзе напаѓачот да не гризе на фудбалските терени, но и надвор од нив.
Во ваков случај договорот ќе биде раскинат на штета на фудбалерот и Барселона нема да сноси никакви казни.
Според последните информации, Барселона и фудбалерот се договориле, а остануваат уште преговорите со Ливерпул. Барселона наводно ќе му понуди на англискиот тим 40 милиони фунти плус Алексис Санчез.
Да потсетиме, ФИФА го санкционираше Суарез со суспензија од девет меча и четири месеци од било какви фудбалски активности поради гризнувањето на Џорџо Кјелини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа